• четврток, 21 ноември 2024

Димевски добитник на Златен медитерански венец

Димевски добитник на Златен медитерански венец

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски, за неговиот голем придонес во развојот на спортот на меѓународно ниво, особено на Медитеранските игри како заменик-претседател на маркетинг комисијата на МКМИ, од страна на генералниот секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), Јаковос Филипусис, доби Златен  медитерански венец.

Првиот човек на МОК на средбата со Филипусис се заблагодари за досегашната поддршка и помош, но и да побара нови проекти за унапредување на македонскиот спорт за потребите на националните спортски федерации. 

Од страна на генералниот секретар на МКМИ при денешната посета на МОК е добиено ветување за зголемување на финансиската помош за македонските спортисти, особено за оние кои учествувале или ќе учествуват на идните Медитерански игри.

Исто така, Филипусис вети помош и за учество на најдобрите македонски спортисти и национални спортски федерации на соодветни тренинг кампови за високи спортски резултати во поединечни спортови, каде би тренирале со најдобрите спортисти од Медитеранот, со посебен осврт на унапредување на знаењето на тренерскиот кадар и кадарот задолжен за здравјето на спортистите преку примена на најновите достигнувања во областа на спортската медицина. зс/

Остани поврзан