• недела, 22 декември 2024

Катерина Димитровска пратеник во Собранието на местото на Марија Митева

Катерина Димитровска пратеник во Собранието на местото на Марија Митева

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) – Државната изборна комисија денеска на седница изгласа извештајот со кој констатира дека пратеник во Собранието за остатокот од мандатот согласно Изборниот законик станува Катерина Димитровска, на местото на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За твоја Македонија“. 

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека 114-тата седница е свикана по добивање на известување од претседателот на Собранието, со кое ги информира дека Собранието денеска на седница констатирало престанок на мандат на пратеничката Митева, која е избрана од листата на кандидати за пратеници за Изборната единица 1 поднесена од Коалицијата „За твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Согласно Изборниот законик, ДИК со свој допис го извести наредниот кандидат Катерина Димитровска, од листата на кандидати поднесена за пратеници во Собранието за ИЕ 1 од истиот овластен подносител - Коалицијата „За твоја Македонија“. ДИК доби писмено известување дека наредниот кандидат Катерина Димитровска го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието за останатиот дел од мандатот согласно Изборниот законик, информираше Кондарко. 

Извештајот, ДИК го изгласа едногласно и донесе заклучок да се достави до Собранието, за да продолжи процедурата за верификација на мандатот на Катерина Димитровска.

Марија Митева на седница на Влада на 8 октомври беше именувана за портпарол на Владата.  аа/бак/

Фото: принтскрин 

 

 

 

 

Остани поврзан