• недела, 22 декември 2024

ДИК: Вкупно 297 кандидати ќе се борат за градоначалници на 17 октомври

ДИК: Вкупно 297 кандидати ќе се борат за градоначалници на 17 октомври
Скопје, 12 септември 2021 (МИА) - Вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје, а поднесени се и 546 листи за советници, покажуваат резултатите од списокот што денеска го објави Државната изборна комисија (ДИК). Најмногу пријавени кандидати за градоначалник - 12 има за Град Скопје. За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три, Зелениково три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник. Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше. За локалните избори поднесени се и 546 листи за советници во сите општини во земјава и во Град Скопје. За Град Скопје поднесени се 15 листи за советници, за општина Аеродром девет,  Арачиново четири, Бутел 13, Гази Баба девет, Ѓорче Петров осум, Зелениково осум,  Илинден четири, Карпош 10, Кисела Вода девет, Петровец пет, Сарај шест, Студеничани 10, Центар девет, Чаир девет, Чучер Сандево осум и Шуто Оризари девет листи за советници. вј/

Остани поврзан