• петок, 22 ноември 2024

„Дизнилендот“ во Шангај отворен по три месеци пауза

„Дизнилендот“ во Шангај отворен по три месеци пауза
Шангај, 30 јуни 2022 (МИА) - Повеќе од илјада луѓе денеска го посетија забавниот парк „Дизни“ во Шангај, по тримесечното неработење поради коронавирусот. Посетителите се враќаат со маски и физичка оддалеченост, пренесуваат медиумите. Паркот, инаку, беше затворен на 21 март, откако се зголеми бројот случаи на зараза со коронавирус во градот, што доведе до двомесечен карантин, со мерки што почнаа да се ублажуваат на 1 јуни. И пред затворањето во март, паркот ја воведе обврската за носење маски и редовна дезинфекција, како мерки донесени од властите во борбата против Ковид-19. А исто така, од гостите сега се бара да покажат доказ за негативен корона-тест. Паркот, исто така, најави дека ќе го ограничи капацитетот, додавајќи дека некои знаменитости - како што е „Универзумот на Марвел“, ќе останат затворени.  си/сд/

Остани поврзан