• понеделник, 23 декември 2024

Дизнилендот во Хонг Конг повторно ќе биде отворен

Дизнилендот во Хонг Конг повторно ќе биде отворен
Хонг Конг, 22 септември 2020 (МИА) - Тематскиот парк Дизниленд во Хонг Конг ќе биде повторно отворен за јавноста в петок, со намален капацитет и дополнителни здравствени мерки. Во соопштението се вели дека ќе има проверки на температурата, задолжително носење маски, физичко растојание и почесто дезинфицирање. Ќе бидат означени и тн. „точки за сликање“ со ликовите на „Дизни“ на соодветно растојание. Посетителите ќе мора однапред да прават резервации преку интернет. Паркот привремено ги затвори своите врати во средината на јули, по засилените владини мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Тоа, околу еден месец по првото повторно отворање. Властите Хонг Конг минатата недела ги олабавија ограничувањата откако масовната кампања за тестирање за коронавирусот придонесе за понизок број заразени. си/сд/

Остани поврзан