Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
- Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.
Скопје, 27 март 2023 МИА) – Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари за литар. Така ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 73, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72, ЕУРОСУПЕР БС – 95 за 82, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 37,628 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,09 отсто, кај дизелот има намалување за 1,04 отсто, кај екстра лесното масло за 1,718 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,306 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 1,028 отсто. вј/бак/
Фото: МИА архива