• недела, 22 декември 2024

Диего Коста тренира со бразилски клуб откако го напушти Атлетико

Диего Коста тренира со бразилски клуб откако го напушти Атлетико
Лагарто, 5 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот Диего Коста преку социјалните мрежи информира како се одвиваат неговите тренинзи. Фудбалерот се наоѓа во неговата татковина и тренира со матичниот клуб Лагарто. На крајот на декември 2020 година, Коста по своја слободна волја, го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Сега тој е без тим. Беше објавено дека Арсенал, Јувентус и голем број бразилски клубови се заинтересирани за играчот. Во Атлетико, 32-годишниот Шпанец има одиграно 215 натпревари, постигнато 83 голови и направено 36 асистенции. Заедно со клубот Коста во 2014 година стана шампион на Шпанија. Оваа сезона Диего Коста има постигнато два гола на седум натпревари во Ла Лига. зс/

Остани поврзан