• петок, 22 ноември 2024

Дигитализација во високото образование - можности и предизвици

Дигитализација во високото образование - можности и предизвици

Скопје, 21 април 2022 (МИА) - „Дигитализација во високото образование - можности и предизвици“ е темата на денешната тркалезна маса на која ќе бидат презентирани документот за јавни политики за дигитализација во високото образование и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се оддржа во рамки на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“.

Покрај презентацијата, ќе се одржи и панел дискусија на која претставници од институциите ќе дадат свое видување во однос на алатката, документот и процесот на дигитализација на високото образование. 

Настанот е во организација на Млдинскиот образовен форум, а се одржува во рамки на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“, финансиран од фондацијата „Метаморфозис“ и Европската Унија. свс/бак/

Остани поврзан