• петок, 26 јули 2024

„Дигитален читателски клуб" во организација на Европската куќа Крива Паланка

„Дигитален читателски клуб

Крива Паланка, 30 октомври 2023 (МИА) - Младите љубители на книги од Крива Паланка, од средното општинско училиште „Ѓорче Петров", учествуваа на книжевниот настан за дискусија на тема омилени цитати и ликови од книгите, но и можности за дигитален пристап до книги и книжевни објави.

Настанот насловен „Дигитален читателски клуб" се одржува во рамки на месецот на книгата во организација на Европската куќа Крива Паланка, во соработка со градската библиотека „Кочо Рацин" при Национална установа Центар за култура Крива Паланка.

- Настанот беше осмислен за младите читатели, секој учесник имаше задача да избере омилен цитат или извадок од омилената книга, учесниците наизменично ги читаа своите избрани делови, а другите погодува на која книга или лик припаѓа пасусот. Подоцна, се дискутираше за истите и она што беше несекојдневно е што се читаше од дигитални уреди, смарт телефони и таблети. На настанот беа потенцирани придобивките од дигиталното читање и заедно ги истраживме предностите на е-книгите. Споделивме вредни сознанија и ресурси за бесплатни дигитални библиотеки, информираат од Европската куќа Крива Паланка.

Потенцираат дека овој настан беше прилика младите да се поврзат со ентузијасти за книги и да склопар нови пријатели кои ја делат нивната читателска страст. Веќе е иницирано и продолжение на активностите, преку редовни дружења со локалните книжевни творци и здруженија на читатели и писатели од Североисточниот регион. ид/цр

Фото.МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан