• понеделник, 21 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Де Лаурентис: Конте презеде тим што беше на работ на катастрофа

Де Лаурентис: Конте презеде тим што беше на работ на катастрофа

Неапол, 27 мај 2025 (МИА) - Сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис му се заблагодари на Антонио Конте за неговата работа како главен тренер.

Претходно се појавија информации дека 55-годишниот специјалист ќе го напушти тимот, а неговото место најверојатно ќе го заземе Масимилијано Алегри.

- Морам да му се оддаде признание на овој човек затоа што презеде тим кој беше на работ на катастрофа. Во одреден момент, тој мораше да се справи без ѕвезда како Кварацхелија. Конте му покажа на светот дека системите се бескорисни, се што ви треба е големо знаење за тоа што всушност е фудбалот. Така за него, за човекот кој не доведе до второто Скудето, во последните три години, јас едноставно немам зборови да ја опишам неговата заслуга, изјави Лаурентис.

Сопственикот на Наполи“, на Конте му посака и натамошни успеси во професионалната кариера.

Конте е на чело на Наполи од 2024. Под негово водство „наполитанците“ станаа шампиони на Италија во сезоната 2024/25.

Италијанските медиуми во текот на дене објавија информација дека Јувентус почнал да работи на враќање на Конте. Тренерот работеше во клубот од Торино од 2011 до 2014 година и три пати го водеше тимот до шампионскиот трофеј во Серија А. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан