• сабота, 18 мај 2024

Де Зерби сака да води врвен клуб следната сезона

Де Зерби сака да води врвен клуб следната сезона

Лондон, 31 март 2024 (МИА) - Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, се надева дека на по завршување на сезоната ќе преземе голем европски клуб, објави новинарот Николо Шира.

Четириесет и четиригодишниот фудбалски стручњак е подготвен да го напушти Брајтон и покрај тоа што неговиот договор е до 2026 година.

Претходно медиумите објавија дека Ливерпул, Манчестер јунајтед, Барселона, Баерн Минхен и други клубови се заинтересирани да го ангажираат Италијанецот.

Де Зерби е на чело на Брајтон од септември 2022 година. По 28 натпревари неговиот тим е на деветтото место во Премиер лигата со 42 бода.

Претходно, Де Зерби беше тренер на Шахтјор, Сасуоло, Беневенто, Палермо и Фоџа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан