Де Вевер се закани со оставка ако нема договор за буџетот до 6 ноември
- Белгискиот премиер Барт де Вевер се закани дека ќе поднесе оставка доколку преговорите за буџетот не завршат со успех до 6 ноември, јавија локалните медиуми.
Брисел, 28 ноември 2025 (МИА) – Белгискиот премиер Барт де Вевер се закани дека ќе поднесе оставка доколку преговорите за буџетот не завршат со успех до 6 ноември, јавија локалните медиуми.
Преговорите траат неколку месеци, со цел да се обезбедат дополнителни буџетски приходи од 10 милијарди евра до 2030 година, наспроти постојаните протести на синдикатите поради стравувањата дека тоа ќе биде на сметка на социјалните плаќања.
Де Вевер е под притисок од повеќе страни – владата мора наскоро да постигне буџетски договор, но во коалицијата има спорови за патот до целта. Синдикатите свикаа шест национални протести од почетокот на годината, а за крајот на ноември е закажан тридневен штрајк.
Се очекува утре да се одржат клучни нови разговори во коалицијата, а во случај на неуспех, Де Вевер најави дека ќе поднесе оставка пред кралот Филип.
Кралот има можност да не ја прифати оставката на премиерот, или да одлучи да назначи преговарач за составување нова влада. На изборите за Федералниот парламент во јуни минатата година, партијата на Де Вевер победи, но мораше да управува во коалиција од пет партии, формирана по преговори кои траеја половина година. Владата стапи на должност на почетокот на февруари, но намерите за ограничување на надоместоците за невработеност и за зголемување на старосната граница за пензионирање предизвикаа протести уште пред министрите да положат заклетва. јт/
Фото: МИА архива