Дејан Недев на семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан
- Викендов во Тирол, Австрија ќе се одржи меѓународен карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. На семинарот ќе учествува и најдобриот макетонски натпреварувач во т
Tирол, 25 септември 2021 (МИА) – Викендов во Тирол, Австрија ќе се одржи меѓународен карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. На семинарот ќе учествува и најдобриот макетонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев.
На семинарот ќе се презентираат најновите техники во традиционалното карате за натпреварувачките дисциплините: ен-бу, ката-бункаи и кумите.
Шираи во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е најзаслужен за ширењето и квалитетот на овој спорт во Европа. Тој кој повеќе од 50 години живее и работи во Милано, Италија.
Воедно, Шираи е најбараниот карате инструктор во светот и ученик на творецот на традиционалното карате Сенсеи Хидетака Нишијама (1928-2008) кој ја основа Светската карате федерација (ИТКФ).
Во 2014 година Шираи има одржано семинар во Скопје. Беше одликуван со плакета од страна на Агенцијата за млади и спорт за придонес и развој на каратето во Македонија. зс/