• петок, 04 октомври 2024

Дешан не е загрижен за формата на Мбапе

Дешан не е загрижен за формата на Мбапе

Лион, 10 септември 2024 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп не се грижи за формата на Килијан Мбапе и очекува напаѓачот на Реал Мадрид да се врати на вообичаеното ниво кога ќе биде 100 отсто подготвен.

Откако Франција загуби со 1:3 на отворањето на Лигата на нации, Дешан играше со радикално поинаков стартен состав против Белгија и „петлите“ победија со 2:0. Сепак, меѓу почетните 11 ги немаше Мбапе и Антоан Гризман.

-Француската репрезентација секогаш ќе биде посилна со Мбапе и убеден сум дека во рок од еден месец ќе биде фит. Барањата во неговиот клуб се исклучително високи и јас воопшто не сум загрижен за него, изјави Дешан.

Мбапе влезе во игра во 67. минута против Белгија. Наместо него и другите стартери, Дешан играше дебитанти како Мајкл Олисе и Ману Коне, а Лука Дин запиша минути за „петлите“ за прв пат по две години.

Селекторот објасни дека преку Лигата на нации се обидува да го прошири обемот на фудбалери кои докажале дека имаат место во тимот.

-Ќе го следам овој пат и ќе тестирам што повеќе играчи. Ова е вистинско време да го направам тоа. Играчите со 50 натпревари не се менуваат со волшебно стапче и тоа многу добро го знам. Овие натпревари ќе ни дадат одговори, рече тој. дс

Фото: Архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан