Дешан: Логично е Зидан да ме наследи како селектор на Франција
- Францускиот селектор Дидие Дешан смета дека неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан е погоден да го замени на кормилото на „петлите“ по Светското првенство во 2026 година.
![Дешан: Логично е Зидан да ме наследи како селектор на Франција](https://mia.mk/images/20250214094118_big_730x400_85.webp )
Париз, 14 февруари 2025 (МИА) - Францускиот селектор Дидие Дешан смета дека неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан е погоден да го замени на кормилото на „петлите“ по Светското првенство во 2026 година.
-И двајцата многу се почитуваме. Последен пат се видовме летото 2023 година, но повторно ќе се сретнеме во наредните месеци. Зизу е одличен кандидат за следен селектор. Ова е логична и, би додал, очекувана опција. Но, не знам дали ќе биде подготвен, изјави Дешан во интервју за „Екип“.
Селекторот на Франција беше запрашан и дали ќе го повика Килијан Мбапе во тимот за дуелите со Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нации во март, откако Мбапе пропушти два последователни натпревари за „петлите“ во есен.
-Килијан дефинитивно ќе биде во тимот, зошто да не, одговори Дешан. дс
Фото: Архива