• сабота, 23 ноември 2024

Дешам: Финска и удри шлаканица на Франција

Дешам: Финска и удри шлаканица на Франција
Париз, 12 ноември 2020 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам е лут на своите избраници поради лошото издание и поразот (0:2) од Финска синоќа во Париз во пријателски натпревар. - Игравме полошо отколку што можев да си замислам. Иако имавме повеќе посед на топката, малку создадовме шанси. Добивме добра шлаканица во лице. Јас нема да се задржам на ова, тоа е факт. Резултатот е реален. На нашиот тим му беше одржана добра лекција. Понекогаш ваквите лузни дури и не болат. Не победивме затоа што не ја сторивме вистинската работа. Повеќе не сакам да барам други објаснувања за тоа што се случило, изјави Дешам. Франција е актуелен светски шампион и втора на ФИФА раетинг листата, додека Финска е на 55. место. зс/

Остани поврзан