• петок, 22 ноември 2024

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат конкурс за прoзно дело за тинејџерска возраст

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат конкурс за прoзно дело за тинејџерска возраст
Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) - Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст. Пријавените прозни дела може да бидат во жанрот на роман, новела или збирка раскази, да имаат наративна форма, најмалку 50 страници, да бидат наменети за тинејџерска возраст, напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани. Целта на овој проект, како што велат од Детскиот културен центар - „Карпош“, е креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност. Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, достеливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Текстовите треба да бидат испратени електронски, најдоцна до 10 април 2021, на: citackimaraton@gmail.com, со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст. За наградата ќе одлучува тричлена стручна комисија, а учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 10 јуни. Tричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде објавено. ар/скс/

Остани поврзан