• петок, 21 јуни 2024

Детска новогодишна претстава на празничниот базар на плоштадот „Македонија“

Детска новогодишна претстава на празничниот базар на плоштадот „Македонија“

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Во рамки на празничниот базар на плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер од 18 часот ќе има детска новогодишна претстава. Ќе настапат ЕРА ѕвездите: Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар и Даниела Темелковска.

Публиката ќе има можност да учествува во наградна игра и најсреќните ќе си заминат со многу подароци.

На празничниот базар свои настапи ќе имаат и Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

За пречекот на Новата 2024 година на плоштадот „Македонија“ ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и преставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма „Биби и Боби“, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со Дедо Мраз и делење подароци.

Низ празничниот базар водители ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, синоќа во 18 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните  настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија. мд/са/

Фото: Град Скопје и Комора на музичката индустрија

 

 

Остани поврзан