• четврток, 18 јули 2024

Детроит постави негативен рекорд во историјата на НБА

Детроит постави негативен рекорд во историјата на НБА

Детроит, 27 декември 2023 (МИА) – Екипата на Детроит пистонс ноќеска загуби од Бруклин нетс со резултат 112:118 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата. 

За Детроит ова е 27-ми пораз во низа по што стана сопственик на негативниот рекорд во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Најефикасен играч на паркетот беше Кејд Канингем со 41 поен, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

По овој меч Детроит е на последното место во Источната конференција со две победи, а Бруклин е деветти со 15 победи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан