• четврток, 30 мај 2024

Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија

Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија

Рим, 23 април 2024 (МИА) – Десничарскиот сојуз на италијанската премиерка Џорџа Мелони победи на регионалните избори, се сметаа за тест на јавното мислење пред европските избори во јуни.

Во Базиликата, јужна Италија, кандидатот на десниот центар Вито Барди беше реизбран за регионален претседател со 56,6 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од левиот центар Пјеро Марезе, кој освои 42,1 проценти од гласовите.

Барди, кој е на власт во Базиликата од 2019 година, рече дека „ќе продолжи да биде претседател на сите“.

Во Базиликата живеат околу 540.000 луѓе, а излезноста на гласачите беше 49,8 отсто, излезноста.

Од октомври 2022 година, ултрадесничарската партија Браќата на Италија на Мелони владеат на национално ниво заедно со десничарската популистичка Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија. Четиринаесет од 20 региони во Италија имаат централнодесничарски влади. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан