• недела, 22 декември 2024

Дескоска: Законите беа повлечени поради технички грешки, немаше никакви координации по 16 часот

Дескоска: Законите беа повлечени поради технички грешки, немаше никакви координации по 16 часот
Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) - Министерката за правда Рената Дескоска вечерва на прес-конференција во Собранието информираше дека законите за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители биле повлечени поради технички грешки. Таа демантираше дека денеска по 16 часот се правени координации меѓу неа, претседателот на Собранието и лидерот на СДСМ. - За Законот за Совет на јавни обвинители имаше повеќе барања од неколку министри. Дел беа прифатени, дел не беа прифатени. Со оглед на тоа што во новиот Закон за ЈО има специфична процедура за избор на обвинител за организиран криминал и корупција, се побара и да се стави правило за избор на обвинтиелите, внатре во организиран криминал со бадентерово мнозинство и тоа беше прифатено вчера. За ова што го зборувам има и стенограми и сведоци. Текстовите кога се средувале од стручните служби се направени технички грешки и кога согледавме дека има проблем, беше испратен допис во текот на денешниот ден, кој бил примен околу 16 часот во Собранието. По 16 часот не се правени координации меѓу претседателот на Собранието, мене, претседателот Заев и слично, рече Дескоска. Појасни дека техничките грешки се направени бидејќи последниот рок за поднесување на законот бил до 24 часот и службите во брзање ги направиле грешките. Додаде дека ако имало нови предлози, тогаш тие би се разгледувале како амандамни, но бидејќи текстот имал само технички грешки бил повлечен и по корекцијата повторно вратен во Собранието. бак/  

Остани поврзан