Десет загинати во бомбашки напад во Могадишу
- -Безбедносниот персонал се обидел да го запре возилото бидејќи се приближувало до контролниот пункт со голема брзина, изјави портпаролот на полицијата
Могадишу, 21 август 2024 (МИА) - Десет лица, меѓу кои седум припадници на безбедносните сили, двајца цивили и самоубиецот, загинаа во експлозија на автомобил -бомба на контролен пункт во Могадишу, јави денеска сомалиската полиција, пренесе ДПА.
-Безбедносниот персонал се обидел да го запре возилото бидејќи се приближувало до контролниот пункт со голема брзина, изјави портпаролот на полицијата.
ДПА јавува дека одговорноста за нападот ја презеде исламистичката терористичка група „Ал-Шабаб“ .
Во истата област денеска е спречен уште еден напад, соопшти полицијата.
Дејствувајќи по првиот напад, безбедносните сили пронашле автомобил преполн со експлозив и извршиле контролирана детонација, наведува полицијата.
За време на викендот, од детонирана бомба со далечински управувач во ресторанот Могадишу загинаа 11 лица, а Ал-Шабааб ја презеде одговорноста за сите напади. сд/
фото:МИА архива