• четврток, 14 ноември 2024

Десетто издание на Самитот на организацијата Македонија2025 на тема дигитализација

Десетто издание на Самитот на организацијата Македонија2025 на тема дигитализација
Скопје, 18 ноември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го отвори десеттото јубилејно издание на Самитот на организацијата Македонија2025, кој ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје, најавија организаторите на собирот. Централна тема на годинешниот Самит ќе биде дигитализацијата, а на него ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров. Годинешниот Самит е организиран преку пет панели и едно главно интервју, при што 28 говорници ќе говорат пред 100 гости во хотелот „Мериот“ и онлајн публика од околу 300 гости. Дел од говорниците на Самитот ќе бидат и Марсело Клауре, главен извршен директор на SoftBank Group International, кој ќе има интервју со Мајк Зафировски, како и амбасадорка на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј. ир/сп/

Остани поврзан