Десеткуваниот Голден Стејт загуби петти натпревар по ред
- Екипата на Голден Стејт ноќеска го претрпи петтиот пораз во низа, губејќи на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс со 114:105.

Њу Орлеанс, 5 ноември 2022 (МИА) – Екипата на Голден Стејт ноќеска го претрпи петтиот пораз во низа, губејќи на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс со 114:105.
Во составот на Голден Стејт за овој натпревар ги немаше повредените Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Андре Игуалда.
На гостинските натпревари оваа сезона во НБА-лигата, Вориорс немаат ниту една победа на шесте одиграни натпревари.
Вкупниот биланс на бранителот на шампионскиот трофеј е три победи и седум порази за во моментов 12. место во Западната конференција. зс/