• петок, 22 ноември 2024

Десетици тела се пронајдени по израелска операција во кварт на градот Газа

Десетици тела се пронајдени по израелска операција во кварт на градот Газа

Газа, 12 јули 2024 (МИА) - Десетици тела се пронајдени по израелската операција во кварт на градот Газа, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на цивилната одбрана на палестинската територија.

Израелската армија објави дека ги завршила операциите во населбата Шуџанија, во која беа уништени осум тунели на Хамас и елиминирани десетици терористи, се наведува во соопштението на израелските сили. По нивното повлекување, цивилната одбрана на Појасот Газа објави дека под урнатините во соседството се наоѓаат „телата на околу 60 маченици“.

85 отсто од становите во Шужанија се непогодни за живеење. Израелските сили во средата ги повикаа своите жители да се евакуираат. Според ОН, станува збор за 300.000-350.000 луѓе. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан