• четврток, 27 јуни 2024

Десетици повредени во експлозија на бензинска пумпа во Новосибирск

Десетици повредени во експлозија на бензинска пумпа во Новосибирск
Новосибирск, 14 јуни 2021 (МИА) - Триесет и три лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Новосибирск. Според дел од локалните медиуми, кои се повикуваат на неофицијални податоци, во инцидентот се повредени најмалку 41 лице, од кои две се во сериозна здравствена состојба. Пламенот предизвика серија експлозии на резервоари за течно гориво. Снимките од очевидци го покажуваат обемот на најголемата експлозија во таа област.

Меѓу повредените има и двајца пожарникари, кои меѓу првите пристигнале да го изгаснат пожарот, кој зафати површина од 800 квадратни метри. Според локалните власти, нема закана за околните станбени згради. ссм/

Остани поврзан