• петок, 22 ноември 2024

Десетици загинати во вооружени напади на северозападот од Нигерија

Десетици загинати во вооружени напади на северозападот од Нигерија
Лагос, 19 април 2020 (МИА) - Во вооружени напади во северозападниот дел на Нигерија загинале 47 лица, соопшти началникот на полицијата во градот Кацина, Гамбо Исах, додавајќи дека вооружени лица извршиле напади во градовите Дутсинма, Данмус и Сафана, јави агенцијата Анадолија. Тој додаде дека нападите се изведени најверојатно заради одмазда, а во нив се повредени и голем број лица, кои се пренесени во болница. Шефот на полицијата соопшти дека добро вооружени полициски сили почнале копнена и воздушна операција во областа против напаѓачите. Инаку, во овој дел од земјата, често пати заради пасишта, доаѓа до конфликти меѓу локалните селани и овчарите кои доаѓаат од други делови на Нигерија, особено меѓу овчарите од заедница Фулани и племињата кои живеат од земјоделие. Членовите на заедницата Фулани тврдат дека земјоделците се обидуваат да го украда нивниот добиток и често пати и ги напаѓаат. сд/
 

Остани поврзан