Дермер ќе ги води преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа
- Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го именува министерот за стратешки прашања Рон Дермер да ги води преговорите од втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа

Тел Авив, 19 февруари 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го именува министерот за стратешки прашања Рон Дермер да ги води преговорите од втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа.
Дермер, кој е близок соработник на Нетанјаху, пред да биде министер беше амбасадор на Израел во Вашингтон. Тој е роден во САД и е поранешен активист на американската Републиканска партија.
Првата фаза од преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа завршува на почетокот од март.
Претходните преговори помеѓу Израел и Хамас ги водеа директорите на израелските безбедносни агенции Мосад и Шин Бет. Втората фаза од примирјето во Појасот Газа треба да вклучува крај на војната, враќање на сите заложници и повлекување на Израел од енклавата. ми/
фото: Википедија