• недела, 22 декември 2024

Дерменџиев: Има зголемен мигрантски интерес кон Бугарија

Дерменџиев: Има зголемен мигрантски интерес кон Бугарија
Софија, 17 август 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, ја посети бугарско-турската граница во реонот на градот Елхово, јави дописникот на МИА од Софија. Според Дерменџиев, се зголемува притисокот на бегалците на бугарско-турската граница. Мигрантскиот притисок на бугарско-турската граница е засилен, се очекува тој да расте и Бугарија е подготвена да му се спротивстави, рече Демерџиев. Според него, за истиот период лани миграцискиот притисок кон Бугарија е зголемен за близу 6 пати, а во однос на јули за околу 24%. Во првите седум месеци од оваа година имало повеќе од 60.000 обиди за преминување на границата, главно бегалци од Сирија и Блискиот Исток. Расположливите гранични сили на Бугарија се справуваат, рече и Дерменџиев, распоредени се околу 860 лица од внатрешноста на државата - полициски сили кои и помагаат на Граничната полиција. Сликата секојдневно внимателно се следи и доколку има промена, Бугарија е подготвена да реагира со дополнителни сили и со промена на организацијата, рече министерот Дерменџиев. До денес не се потребни дополнителни делови, но доколку дојде до промена веднаш ќе реагираме. Според него, оградата на бугарско-турската граница е во добра состојба, а функционална е и техничката опрема. нк/

Остани поврзан