• среда, 03 јули 2024

Дератизација по вторпат годинава во Кавадарци 

Дератизација по вторпат годинава во Кавадарци 

Кавадарци, 28 септември 2023 (МИА) - Денеска и утре по вторпат за оваа година ќе се врши дератизација во градот Кавадарци, планирано е да бидат третирани со мамци над 1.000 шахти од фекалната и атмосферска канализација, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

 - Во меѓувреме беше извршена и дезинсекција на просторот околу згради на улицата „Илинденска“, каде што имаше наезда на болви. Изведувач е Центар за јавно здравје Скопје, велат од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму нагласуваат дека ова се само дел од редовните активности на локалната самоуправа, што имаат за цел подобар живот во општината. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан