• недела, 22 декември 2024

„Ден на COBISS“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

„Ден на COBISS“ во НУБ „Св. Климент Охридски“
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) –  Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор денеска организираше „Ден на COBISS“ на кој беа разменети мислења и искуства од работењето на националниот библиотечно-информациски систем COBIS.МК, како и на плановите за неговиот иден развој. Присуствуваа претставници од 72 членки на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK пред кои гостите од Словенија го презентираа дигиталниот репозиториум dCOBISS. Се работи за нова апликација во системот COBISS која овозможува чување дигитални содржини,  меѓународната база Unpaywall што содржи неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови (главно во ПДФ-формат),  до која може да се пристапи преку веб-апликацијата COBISS+, како и функционирањето на нормативната контрола на лични имиња и точки за пристап во системот COBISS. Стручни лица од НУБ со свои излагања се осврнаа на примената на повеќе сегменти од програмскатаопрема COBISS во тековното работење на библиотеките, активностите од новите проекти што ги води Националната библиотека како национален COBISS-центар во областа на нормативната контрола, како и функционирањето на E-CRIS.MK, информацискиот систем за истражувачката дејност во земјава. „Деновите на COBISS“  утре ќе продолжат во Универзитетската бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде што програмската опрема COBISS, која се применува за развојот на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK, ќе биде презентирана пред претставници од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола, со цел тие да се вклучат и да станат дел од системот. хс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан