• четврток, 04 декември 2025

„Ден на дијаспората 2025“ ќе се одржи на 10 август во селото Цера 

„Ден на дијаспората 2025“ ќе се одржи на 10 август во селото Цера 

Македонска Каменица, 31 јули 2025 (МИА) – Културно-информативниот центар „Романса“ денеска го најави одржувањето на традиционалната манифестација „Ден на дијаспората“, која ќе се одржи на 10 август (недела) во манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во селото Цера, со почеток од 11 часот.  

Организатори на настанот се КИЦ „Романса“ Македонска Каменица, Општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани при манастирскиот комплекс „Еленец“ – село Цера, со поддршка на македонската дијаспора.  

Настанот, како што истакнаа организаторите, има за цел да ја одржува поврзаноста со македонските иселеници, да го промовира културното наследство и природните убавини на регионот и да создаде можност за заедничко дружење и празнување. 

-Манифестацијата, која секоја година обединува жители и иселеници од Македонија и странство, е збогатена со културно-уметничка и забавна програма.
Посетителите ќе можат да уживаат во настапи на културно-уметнички друштва, музички изведби и дружење во природниот амбиент на манастирско-туристичкиот комплекс, информираа организаторите. вс/дма/


Фото: КИЦ Романса, Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан