• петок, 05 декември 2025

Денот на пожарникарите во Струмица одбележан со спасувачка вежба во случај на земјотрес и пожар

Денот на пожарникарите во Струмица одбележан со спасувачка вежба во случај на земјотрес и пожар

Струмица 20 мај 2025 (МИА) - Денот на пожарникарите-20 Мај, во Струмица беше одбележан со спасувачка вежба во случај на земјотрес и пожар. Вежбата се одржа во ООУ „Никола Вапцаров“ во Струмица, а пожарникарите од ТППЕ Струмица заедно со екипа на Црвен крст ги извлекуваа и згрижуваа „повредените“ ученици и вработени во училиштето.

Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарникарите го одбележале денешниот празник како тие знаат и умеат,

-Денешната показна вежба, која се состоеше од симулација на пожар и земјотрес и извлекување на повредени и безбедна евакуација е уште еден доказ за нашата подготвеност навремено и ефикасно да реагираме, изјави Гудев.

На вежбата присиствуваше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и членови на Советот. Тој им го честиташе денешниот празник и истакна дека Општината секогаш е рамо до рамо со пожарникарите-спасители и дека локалната самоуправа досега многу пати ја покажала својата поддршка преку набавка на нова опрема и доделување награди и субвенции на пожарникарите, како што се користење бесплатен паркинг и јавен превоз, како и други погодности. рт/мч/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан