Денот на лозарите од Гевгелиско свечено се одбележа во Прдејци
- Со повеќе манифесстации и свечености Денот на лозарите - Свети Трифун, во општина Гевгелија традиционално се одбележа во црквата „Света Петка“ во селото Прдејци, каде по традиција се изврши з

Гевгелија,14 февруари 2022 (МИА) - Со повеќе манифесстации и свечености Денот на лозарите - Свети Трифун, во општина Гевгелија традиционално се одбележа во црквата „Света Петка“ во селото Прдејци, каде по традиција се изврши закројување на лозјето во црковниот двор и на околните плантажи.
Голем број верници, гости и претставници на локалната самоуправа присуствуваа на свечениот чин посакувајќи им на лозарите да имаат плодна и бериќетна година, со надеж дека оваа земјоделска гранка во иднина ќе биде доминантна во општина Гевгелија.
Закројувања со пригодни дружења денеска беа организирани и на лозовите плантажи на најголемиот производител на винско грозје и наливно вино „Ригоимпекс“, како и на најголемиот производител на трпезно грозје во регионот „Витторија“ од Гевгелија.
Лозовите насади во Гевгелиско се застапени на површина од 1.000 хектари, а општината располага со капацитет за производство на 15 милиони литри наливно вино наменето за извоз. им/цр