• вторник, 09 декември 2025

„Денот на коморите“ - настан на ССКМ

„Денот на коморите“ - настан на ССКМ

Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Сојузот на стопански комори на Македонија денеска го организира настанот „Денот на коморите“ под мотото: „Економија и проекти – сегашност и иднина".

Од ССКМ информираат дека во период на динамични промени, продолжуваме напред со нова визија што ги обединува  стратешките цели, тековните иницијативи и проектите насочени кон поконкурентна и одржлива  иднина за сите.

-Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), како водечка независна деловна мрежа  посветена на унапредување на деловното опкружување, силно верува во значењето на  зајакнувањето на деловната заедница и поттикнување на одржлив економски развој, посочуваат од Сојузот.

На настанот изјава за медиуми ќе дадат Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, Марјан Ристески, заменик министер за економија и проф.д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет во Скопје.

Посочуваат дека Сојузoт на стопански комори на Македонија продолжува да делува како релевантен партнер,кој ги застапува гласот на бизнис заедницата и активно учестува во креирањето на  националните и економските политики и заеднички со бизнис секторот го дава својот придонес  за економски развој.фф/лв/

Фото: Сајт на ССКМ

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан