„Денови на COBISS“ денеска и утре во Скопје и Битола
- Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка со Институтот за информациски науки - ИЗУМ од Марибор, Словенија, првпат организира „Денови на COBISS“ кои
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка со Институтот за информациски науки - ИЗУМ од Марибор, Словенија, првпат организира „Денови на COBISS“ кои денеска и утре ќе се одржат во Скопје и Битола.
Како што информира НУБ, излагачи од нашата земја и од Словенија ќе се осврнат на досегашните активности и искуства од работењето на националниот библиотечно-информациски систем COBIS.МК, како и на плановите за неговиот иден развој.
Настанот во Скопје, во Центарот за конференции и студии на НУБ, денеска ќе го отворат директорот на Библиотеката, Рахметула Куќи и директорот на ИЗУМ од Марибор, д-р Алеш Бошњак. Обраќање ќе има и претседателот на Советот на COBISS.Net, д-р Исмет Овчина, директор на Националната и универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина.
Ќе присуствуваат претставници од 72 членки на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK, како и претставници од министерствата за култура и за образование и наука.
-Гостите од Словенија ќе ги презентираат дигиталниот репозиториум dCOBISS, нова апликација во
системот COBISS која овозможува чување дигитални содржини, меѓународната база Unpaywall која содржи неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови (главно во ПДФ-формат), до која може да се пристапи преку веб-апликацијата COBISS+, како и функционирањето на нормативната контрола на лични имиња и точки за пристап во системот COBISS. Наши стручни лица со свои излагања ќе се осврнат на примената на повеќе сегменти од програмската
опрема COBISS во тековното работење на библиотеките, активностите од новите проекти што ги води Националната библиотека како национален COBISS-центар на полето на нормативната контрола, како и функционирањето на E-CRIS.MK, информацискиот систем за истражувачката дејност во Македонија, соопшти НУБ. „Деновите на COBISS“ утре ќе продолжат во Универзитетската бибиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, каде што програмската опрема COBISS, која се применува за развојот на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK, ќе биде презентирана пред претставници од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола, со цел тие да се вклучат и да станат дел од системот. Ќе бидат претставени и информацискиот систем за истражувачката дејност E-CRIS.MK, дигиталниот репозиториум dCOBISS и меѓународната база Unpaywall. хс/бак/