• среда, 25 март 2026

„Денови на независната продукција“ во јануари во Драмски театар Скопје

„Денови на независната продукција“ во јануари во Драмски театар Скопје

Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Драмски театар Скопје во јануари го продолжува проектот „Денови на независната продукција“. Ќе  бидат отворени двете сцени на театарот за изведба на претстави во продукција на независната сцена и за поддршка на нивните автори.

Преку јавен повик објавен на веб-страницата на Драмски театар и на социјалните мрежи, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термини на изведба на 14, 15, 16 и 17 јануари 2026 година.

Откако ќе биде направена селекција на апликациите за претставите пристигнати на повикот, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот, како и потребната техника, со што ќе овозможи изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.

-Искуството на театарот во претходните јавни повици е позитивно и радува фактот што театарските ансамбли од независната сцена со голема посветеност ги реализираат гостувањата на сцените на Драмски. Проектот „Денови на независнта продукција“ е омилен и кај театарската публика поради можноста да ги проследи и поддржи претставите од поновата продукција на независната сцена кои со својата разновидност носат модерни и иновативни пристапи, ги следат интенциите на европскиот театар и го збогатуваат редовниот репертоар на Драмски, соопшти Драмски театар-Скопје. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан