• вторник, 05 ноември 2024

Дениз Ричардс во ново реално шоу

Дениз Ричардс во ново реално шоу

Лос Анџелес, 11 јyни 2024 (МИА) - Дениз Ричардс и нејзиното семејство ќе добијат свои 30-минутни „комични документарни епизоди“ коишто ќе се прикажуваат во 2025 година. Работниот наслов за реалното шоу е „Денис Ричардс и дивите нешта“, што некои обожаватели можеби ќе ги потсети на еден од најпознатите нејзини филмови - еротиката „Диви нешта“ од 1998 година.

„Моето семејство и јас сме воодушевени што се враќаме дома во ‘Е!’. Семи и Лола имаа само 3 и 4 години кога првпат ја споделивме нашата приказна и сега го заокруживме тоа... (Продуцентот) Алекс Баскин и јас се запознавме кога се приклучив на „Вистинските домаќинки“ и ми се допадна работата на тоа шоу. Ова е совршено партнерство за шоуто за нашето семејство бидејќи нашите животи се полни со забава, љубов и непредвидливост и едвај чекаме публиката да ја сподели оваа авантура со нас“, изјави Ричардс преку соопштение за медиумите.

Како што објави „Ентертејнмент“, глумицата и претходно имаше свое реално шоу - „Дениз Ричардс: Комплицирано“, коешто се емитуваше на „Е!“ од 2008. до 2009 година. Познатата „Бонд девојка“ се појави и во две сезони во „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ во 2019 и 2020 година.

Дениз Ричардс ја роди својата прва ќерка Семи, додека беше во брак со Чарли Шин во 2004. и втората - Лола, во 2006 година. А пак, во 2011 година Ричардс ја посвои и третата своја ќерка Елоиз. За Арон Фајперс се омажи во 2018 година, кој ја посвои Елоиз следната година.  си/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан