Демократско движење реагира на нападот на екипата на Алсат телевизија
- Нападот врз новинарите и снимателот на телевизија Алсат во скопската чаршија е многу грд настан кој Демократското движење најостро го осудува.

Скопје, 21 август 2023
Нападот врз новинарите и снимателот на телевизија Алсат во скопската чаршија е многу грд настан кој Демократското движење најостро го осудува.
Неприфатливо е фрустрирани поединци да напаѓаат новинари, уште повеќе на место како што е скопската чаршија, каде што има движење на луѓе, а особено на странски туристи.
Органите на редот треба што поскоро да го истражат овој случај и да го изведат напаѓачот пред лицето на правдата.
Работата на новинарите е во служба на информирање на јавноста, додека чаршијата е посебно наследство на нашата култура, чија слика никој нема право да ја нарушува.
Демократско движење
___________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.