• петок, 22 ноември 2024

Демократски сојуз: Граѓаните да можат слободно да патуваат во странство

Демократски сојуз: Граѓаните да можат слободно да патуваат во странство

Скопје, 29 март 2021 

Демократскиот сојуз најостро ја осудува изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, според кого, нема да се разговара со Грција за граѓаните да можат да патуваат во таа земја со цел да останат дома и да одмараат во нашите одмаралишта.

Таквите тези се својствени само за Северна Кореја. Обврска на министрите е да бараат решенија за слободно движење на граѓаните, капиталот и идеите, а не да не затворат во рамките на Македонија.

Граѓаните очекуваат проактивна дипломатија и членовите на Владата да ги "рушат" бариерите, а не да создаваат нови.

Сите ние долго време сме затворени во своите домови и дополнителни блокади не ни се потребни.

Демократски сојуз

________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан