• понеделник, 23 декември 2024

Демократите од Тексас ја напуштија државата да спречат изборни реформи  

Демократите од Тексас ја напуштија државата да спречат изборни реформи  

Вашингтон, 13 јули 2021 (МИА) - Демократските законодавци од Тексас синоќа заминаа во Вашингтон за да спречат кворум за усвојување на новиот изборен законик поднесен од републиканците чија одлика е рестрикции за малцинските групи, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

Демократите изјавија дека се подготвени да останат во престолнината на САД неколку недели, за време на вториот бунт против реформите на изборниот законик промовирани од Републиканската партија. Според нив, предлог законот ги нарушува правата за гласање, посебно на малцинските групи како Афроамериканците.

Неколку приватни авиони во кои беа 50 законодавци демократи синоќа одлетаа од аеродромот во Остин и долатаа на аеродоромот Далас во Вашингтон.  

Тие го напуштија Остин неколку денови пред закажаната специјална седница на која ќе се разгледуваат новите ограничувања за гласање на избори, свикана од гувернерот Крег Ебот.  

Веднаш по полетувањето на демократите, Ебот во изјава го осуди нивното заминување и се заложи за нивно задржување. 

- Во моментот кога ќе се вратат во Тексас тие ќе бидат уапсени, тие ќе бидат затворени во Капитолот на Тексас се додека не си ја завршат работата, изјави губернерот. кб/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан