• понеделник, 23 декември 2024

Демант од ГОБ „8 Септември“ за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија

Демант од ГОБ „8 Септември“ за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија
Скопје, 19 септември 2022  Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија. Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита на пациентите. Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно посветени на тоа. ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје е посветен и пружа здравствена заштита на нашите пациенти на највисоко ниво. ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан