Дел од Ѓорче Петров и Шуто Оризари без струја
- Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Шуто Оризари, соопшти РЦУК - Скопје.

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Шуто Оризари, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Воин Драшковиќ“ во Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Брсјачка Буна“ во Општина Шуто Оризари.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрочна енергија ќе останат корисниците од улица „103“ во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров. фф/вг/
Фото: МИА Архива