Дел од Ракотинци утре без вода
- Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од жителите на Ракотинци, општина Сопиште.

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од жителите на Ракотинци, општина Сопиште.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „5“ број 8 и дефект на приклучна цевка на улица „1“ број 26 во Ракотинци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/лв/
Фото: МИА архива