Дел од Пржино вечерва без вода
- Без вода вечерва ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Стрмашево“, „Пржино“ и „Милан Мијалковиќ“ во населба Пржино.

Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Без вода вечерва ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Стрмашево“, „Пржино“ и „Милан Мијалковиќ“ во населба Пржино.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради скината цевка Ф-80 мм од странка/фирма на улица „Стрмашево“ бр.5 А во населба Пржино.
Жителите ќе бидат без вода се додека не се санира дефектот. мд/мч/