Дел од општина Чаир без вода
- Без вода денеска од 11:55 часот се дел од корисниците од улиците „Челопек“, „Аврам Писевски“ и „Ордан Чопела“ во општина Чаир.
Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Без вода денеска од 11:55 часот се дел од корисниците од улиците „Челопек“, „Аврам Писевски“ и „Ордан Чопела“ во општина Чаир.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Челопек“ бр.48.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. мд/вј/
Фото: МИА архива