• сабота, 21 декември 2024

Дел од Општина Гази Баба утре без вода

Дел од Општина Гази Баба утре без вода
Скопје, 17 октомври 2020 (МИА) - Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на булевар „Александар Македонски“, дел од „Шеснаесетта македонска бригада“, ниската зона од улицата „Јани Лукровски“ згради 4,6,8, дел од улицата „Благоја Стефковски“, Средното училиште „Михајло Пупин“. Намален притисок ќе имаат корисниците од населбата Маџари. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради санирање дефект на булеварот „Александар Македонски“ без број во населба Автокоманда. На терен ке има и цистерна со питка вода. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/мч/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан