Дел од Кејот 13-ти Ноември утре без вода
- Поради дефект на затворач ф-80мм на Кеј 13-ти Ноември (во близина на мостот Око), утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Кејот.
Скопје, 15 април 2021 (МИА) - Поради дефект на затворач ф-80мм на Кеј 13-ти Ноември (во близина на мостот Око), утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Кејот.
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите, соопштија од ЈП Водовод и Канализација - Скопје. оџ/ац/