• четврток, 19 декември 2024

Дел од екипажот на крузерот „Руби принцес“ се враќа во своите земји

Дел од екипажот на крузерот „Руби принцес“ се враќа во своите земји
Сиднеј, 21 април 2020 (МИА) -  Повеќе од 20 смртни случаи поврзани со крузерот „Руби принцес“ е причина што околу 2.700 патници речиси еден месец  се закотвен во австралиските територијални води и поради тоа се води полициска и државна истрага. Според извештаите, околу 200 до 1.000 членови на персоналот се заразени со новиот коронавирус. Персоналот  заглавен на крузерот во последните четири недели не бил тестиран за Ковид-19, а секој ден растел бројот на заболени лица. Меѓутоа, 49 членови на екипажот од Велика Британија, Ирска, Канада и Нов Зеланд денеска ќе заминат во своите домови. Враќањето на останатите членови се уште не е организирано и околу сто членови на персоналот остануваат на крузерот. Бродот треба да ги напушти австралиските води в четврток и да отплови на Филипините. Околу 1.000 членови на персоналот од 50 земји од 19 март се изолирани на бродот без никакви информации за нив. ки/ми/  

Остани поврзан