• петок, 30 јануари 2026

Делчево домаќин на деветиот Стручен собир на пожарникарството

Делчево домаќин на деветиот Стручен собир на пожарникарството
Делчево, 18 ноември 2022 (МИА) - Општина Делчево в сабота ќе биде домаќин на деветиот ,,Стручен собир на пожарникарството - Делчево 2022“, во организација на Организацискиот одбор  составен од професионалци –пожаникари, Министерството за внатрешни работи и Општина Делчево. Во рамки на настанот во Делчево, пожарникарите од ТППЕ Делчево ќе спроведат тактичко-показна вежба-симулација на автомобилска несреќа и извлекување повредено лице на плоштадот пред Спомен-дом АСНОМ, по што ќе следува Стручен собир што ќе биде организиран во Спомен-домот АСНОМ. - На Стручниот собир ќе се одржат стручни предавање и презентации во кои ќе бидат обработени актуелни теми, анализи, а ќе се пренесат и искуства од реални интервенции за: гаснење пожари, евакуација, спасување животи, природни богатства и животна средина, материјално- технички средства, технички интервенции на пожарникарите во различни услови на работа, искуства од прекуграничната соработка, презентација на нови методи и тактики, нова опрема и средства за работа на пожарникарите и друго, истакнаа од Општина Делчево. Целта на настанот, додадоа, е да се поттикне развојот на пожарникарството, како професионалното, така и доброволното. - Овие активности се во насока на стекнување самодоверба, градење на личните искуства, познанства и пријателства, при што гостите во Делчево ќе имаат можност да се запознаат и со природните и културните богатства на Општина Делчево. Целта на настанот меѓу другото е и организирањето вежби со различни сценарија и заеднички настап на службите за брза интервенција од: противпожарните единици од ТППЕ, полицијата, итната медицинска помош, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст на РСМ и други хуманитарни и волонтерски друштва, додадоа од Општина Делчево. На стручниот собир, покрај домашни експерти од областа на пожарникарството, ќе учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. вс/цр

Остани поврзан